Уапсен кумановец кој крадел по автомобили и на приватен имот
08.03.2024 13:57
| Теодора Стоевска
Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода А.Ф.(45) од Куманово.

„Тој се сомничи дека извршил повеќе кражби од возила и приватни имоти во Куманово. А.Ф. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.