×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уапсен кумановец за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот

    19.10.2021 11:40 | Сузана Николиќ

    Кумановската полиција уапси 27 годишен кумановец кој се сомничи дека извршил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, соопшти денеска СВР Куманово. 

    Уапсен кумановец за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот

    Вчера во 11 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода М.З.(27) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 1 од Кривичниот законик – „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот", соопштија од СВР Куманово.

    Тој бил спроведен во Основен суд Куманово за понатамошна постапка.