Уапсени две лица од Кумановско, оштетиле возило и сакале да го нападнат сопственикот
09.04.2022 16:51
| Жаклина Цветковска
Синоќа, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.М.(22) од с.Умин Дол, и Д.А.(18) од с.Љубодраг, кумановско, кои намерно оштетиле патничко возило и сакале физички да се пресметаат со сопственикот.

Двете лица, околу 16.50 часот, во близина на железничката пруга во с.Черкези, кумановско, со тврди предмети го оштетиле возилото „ауди“ на З.И.(41) од Куманово и се обиделе физички да го нападнат.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.