Уапсено лице од Липково барано со потерница
24.03.2022 18:33
| Жаклина Цветковска
Полициски службеници од СВР Куманово, вчера, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода М.С.(35) од село Гошинце, липковско, со живеалиште во село Арачиново.

Тој се барал со потерница за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 382.
Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната.