×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ученици од „Браќа Миладиновци“ ја промовираа најновата книга на писателот Трајче Кацаров

    02.06.2023 16:19 | Оливера Пешевска

    Основците од V1 од училиштето „Браќа Миладиновци“ заедно со нивната учителка Маја Поп Арсова беа главни промотори на најновата збирка „Поли“ на македонскиот писател Трајче Кацаров, која се одржа во Градската библиотека во Куманово.

    Ученици од „Браќа Миладиновци“ ја промовираа најновата книга на писателот Трајче Кацаров

    Тие изведоа пиеса од една од трите детските драми во книгата, а ваквиот необичен начин на промоција има за цел приближување на авторите до детската публика и заедничка коресподенција за поттикнување на љубопитството кон пишаниот збор.

    „Учениците беа одлични. Јас сум пријатно изненаден од нивната дикција , присутноста, начинот на презентација, концентрацијата, тие знаеја што играат. Полека се приближуваме кон децата од повеќе страни- од страната на библиотеките, центрите за култура и театрите, но влегуваме и во едукацијата преку училиштата“, истакна авторот Кацаров.

    Неговото најново дело е составено од драмите „Поли“, „Шумското радио“ и „Трипати по три овци“ во кои се среќава галерија на ликови-животни со човечки карактеристики што го побудува интересот кај младата публика. За авторот доживувањето на стварноста во детството и на стварноста сега е како никогаш и да не пораснал, како да останал во тие години со таа мисла, со тој страв,со таа желба за живот,желба нешто да научи,да се дружи со луѓето,да се игра со животот.

    „Тоа е една од карактеристиките што ги носам во себе,тоа ми дава за право да им се обратам на децата и да посакам детската публика да кореспондира со она што ќе го напишам“, рече Кацаров на промоцијата.

    Трајче Кацаров е истакнат македонски поет, раскажувач, есеист и драмски автор, кој има издадено и десетина книги за деца. Од оваа учебна година Кацаров е застапен и во читанката за 5-то одделение со два расказа.

    Средбата со писателот и подготовката на учениците е потпомогната од младиот актер Никица Јанковски и Библиотеката „Тане Георгиевски“ од Куманово.