Учениците од различни националности за Велигден во “Христијан Карпош“
08.04.2014 14:12
| KumanovoNews
Ученици од различни националности од повеќе училишта во градот на Велигден ќе го посетат основното училиште “Христијан Карпош“ каде ќе биде презентирана празничната трпеза и обичаите.
За 22 април тие ќе подготват пригодна програма за значењето на празникот, традицијата со шарени јајца, да се запознае културата на другите и децата извесно време да поминат заедно во дружење. Претходно ќе има работилници каде ќе научат како се подготвуваат јајцата за Велигден, ќе има креативна работа меѓу ученици Македонци, Албанци, Роми - вели Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.
Оваа традиција на заедничко празнување во рамки на проектот “Безбедни училишта“ почна со средните, а сега се воведува и во основните училишта.

