×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учениците од здравствената струка го одбележа Денот на сестринството

    10.05.2024 21:48 | Оливера Пешевска

    Учениците на здравствената струка во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ со пригодна програма го одбележаа 12 Мај - Денот на сестринството. 

    Учениците од здравствената струка го одбележа Денот на сестринството

    Настанот се одржа на платото пред училиштето со присуство на бројни гости, здравствени работници, но и ученици во девето одделение кои би сакале да го продолжат школувањето на здравствената насока.

    Присутните првин ги поздрави директорот Драган Јаневски.

    „Посакувам добредојде на сите присутни, особено на колегите и нивните ученици од основните училишта во градот кои покажаа интерес за денешниот настан, но и условите во нашето училиште. За таа намена организиравме тематски, мини отворен ден за здравствената струка, за да деветоодделенци кои го посетија нашето училиште, ги видат нашите кабинети и простории каде што се едуцираат идните медицински сестри“, истакна во поздравниот говор Јаневски.

    На манифестацијата беше изведен игроказ за актуелни, секојдневни проблеми со кои еден здравствен работник се соочува и во професионалниот и во приватниот живот, како и предрасудите на кои е изложен. Учениците на „Наце Буѓони“ изведоа и танцова и музичка точка, но беше демонстирано и пружање на прва помош од волонтери на Црвен крст.

    Во Техничкото училиште од 2003 година се воведени паралелки на здравствена струка- медицинска сестра.  Секоја година завршуваат околу 170 ученици и ова е едно од најбараните занимања.

     Меѓународната недела на сестринството се одбележува од 5 до 12 мај. Целта е да се истакне значењето на оваа хумана професија.