×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учесници од Крива Паланка на студиска посета во Србија, Албанија и Црна Гора

    04.06.2019 09:50 | KumanovoNews

    13 учесници од Крива Паланка во периодот 30 мај до 01 јуни беа на студиска посета во Ниш (Србија), Скадар (Албанија) и Улцин (Црна Гора).

    Учесници од Крива Паланка на студиска посета во Србија, Албанија и Црна Гора

    Студиската посета се одвива во рамките на проектот Туризам без граници кој се спорведува со партнерство на општина Крива Паланка и општина Витина (Косово) а е финансиски поддржан од дегацијата на Евопска Унија во Косово.

    Пред посетата предходеа два тренинга кои се оддржаа во Феризај и Крива Паланка каде учесниците учеа за online туризам, природен туризам и менаџмент на туристички производи и услуги.

    Целта на студиската посета беше учесниците да се здобијат со практични знаења од страна на тур операторите од соодветната општина, односно учесниците да добијат искуство кое би го пренеле во насока на развој на туризмот во Крива Паланка односно Витина.

    Учесниците на студиската посета помеѓу останатото имаа можност да ја посетат Нишката тврдина,историскиот музеј во Скадар како и Балсик кулата во Улцин.

    Оваа публикација е финансирана од страна на Делегацијата на ЕУ во Косово* во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и РСМ