×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учесници од Северен Кипар, Мексико и Колумбија на Вториот фолклорен фестивал во Куманово

    27.02.2020 10:53 | KumanovoNews

    Започнаа подготовките за Вториот меѓународен фолклорен фестивал Куманово, кој ќе се оддржи од 20 до 24 јули во Куманово.

    Учесници од Северен Кипар, Мексико и Колумбија на Вториот фолклорен фестивал во Куманово

    Веќе се договорени дел од учесниците, а во наредниот период треба да се завршат организациските работи и да се затвори финсиската конструкција.

    - Новина оваа година ќе биде што фестивалот ќе трае 4 дена.  Учество ќе земат дванаесет групи со околу 500 учесници. И оваа година ќе имаме учесници од  Јужна Америка и не толку блиски земји до нас, кои имаат многу поразличен фолклор и традиција од онаа што е на нашите простори, се` со цел да се покаже убавината и културата на другите народи. Потврдено ни е доаѓањето на групите од Северен Кипар, а преговараме за учество на претставници од Мексико, Колумбија, Грузија, Полска, Хрватска, Црна Гора, Србија и други. Од Македонија ќе учествуваат фолкористи од Битола, Струмица, Гевгелија, Скопје, наши кумановски групи. Според замислената програма ова ќе биде мелем за сите граѓани и љубители на фолклорот, - изјави Мирче Крстевски, претседател на организациониот одбор на фестивалот.

     Фестивалот доби финансиска поддршка од Министерството за култура во висина од 400.000 денари, а ссо 200.000 денари ќе партиципира и Општина Куманово. Но, тоа не е доволно со оглед на големиот број на учесници, поради што останатиот дел од финансисте ќе треба да се обезбедат преку спонзори, што претставува голем проблем со оглед на тешката матерјална состојба.

     Минатата година се одржа Првиот меѓународен фестивал фестивал, кој предизвика голем интерес и воодушевување кај публиката. Учествуваа 12 групи, а атракција беше групата „Мангаларес„- Колумбија, Јужна Америка.