Училиштата да работат со скратени часови поради високите температури, препорача МОН
Основните училишта да работат со скратени наставни часови до 17 јуни поради високите температури кои ја зафатија земјава, препорачува Министерството за образование и наука (МОН).

Согласни препораките за заштита од топлотен бран на Центрите за јавно здравје, МОН апелира:
- Основните училишта наставата да продолжат да ја реализираат со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува;
- Училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат;
- Да се насочуваат учениците и да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода;
- Да им се препорача на учениците да не конзумираат масна храна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден.