Училиштата и градинките да се затворат во наредните две недели, предлага Комисија за заразни болесни
10.03.2020 12:08
| KumanovoNews
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со министерот за здравство Венко Филипче, предложила затворање на градинките, училиштата и факултетите во наредните 14 дена.

Одлуката треба да ја донесе Владата на денешната седница.
Комисијата истотака предлага да се забранат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на државата и спортски натпревари, а повозрасните лица да избегнуваат јавен превоз.
Комисијата препорачува сите вработени во јавното здравство да бидат ослободени од понатамошни активности поврзани со изборниот процес.