Училиштето од Драгоманце ќе организира продажен базар
09.12.2014 10:36
| KumanovoNews
Основното училиште “Христијан Т.Карпош“ од село Драгоманце, до Нова година ќе организира продажен базар за рачноизработени украси и честитки.

Собраните средстава ќе се искористат за потребите на учениците.
“Ќе биде тоа акција од ученици за учениците. Во изработката на украсни предмети ќе се вклучат и родителите. Децата се многу креативни и затоа ги подржуваме, она што го знаат и умеат да се искористат во позитивна насока“- изјави Стојка Спасовска, директорка на “Христијан Т.Карпош“.
Училиштето за прв пат ќе организира продажен базар и се надеваат дека тој ќе наиде на прием кај луѓето.