Угостителите да работат до 21 часот и да нема движење навечер, препорача Владата
03.11.2020 15:07
| KumanovoNews
Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Новите мерки се однесуваат на скратување на работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.
Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид. На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21 часот.
Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.

