×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Угостителите нема да плаќаат комунална такса за терасите за времето додека траеше вонредната состојба

    02.07.2020 12:17 | KumanovoNews

    Советот на Општина Куманово, на вчерашната седница донесе одлука за ослободување на угостителските и другите правни субјекти од плаќање на комунална такса за летни бавчи и просторот пред објектите, за време на вонредната состојба.

    Угостителите нема да плаќаат комунална такса за терасите за времето додека траеше вонредната состојба

    Оваа одлука се однесува на сите деловни субјекти независно дали дејноста се обавува на приватно или државно земјиште.

    Од некаде 75 деловни субјекти коишто ќе имаат бенефит од оваа мерка, 90 отсто од нив се кафеани или кафиќи кои имаат летни бавчи.

    Како што рече, претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска, тие продолжуваат со напорите за олеснување на положбата на сите деловни субјекти во Општината, како и со напорите да се создадат подобри услови за повторно враќање во нормала на локалниот економски развој.

    „Имено на вчерашната 42 седница на Советот на Општина Куманово дебатиравме и изразивме добра волја и понатаму да ги ослободиме деловните субјекти од извесни давачки што тие ги имаат према локалната самоуправа. Овојпат тоа се однесуваше на оние деловни субјекти кои вршат дејности пред своите деловни простории. Така што, на овој начин ќе им помогнеме за овој период, додека траеше вонредната состојба, да не мора да ја плаќаат таа комунална такса, која инаку вообичаено следува како давачка и обврска спрема локалната самоуправа“, рече Мургашанска на денешната прес-конференција.

    Со оваа мерка, како што додава таа, се заокружува сетот на мерки кои локалната самоуправа и Советот на Општина Куманово ги презема спрема стопанствениците, а особено према угостителите.

    Мургашанска, воедно, апелираше до стопанските субјекти да ги подмират заостанатите долгови кон локалната самуправа, и нагласи дека оние деловни субјекти кои веќе ја имаат уплатено оваа комунална такса, дека таа ќе им биде засметана за периодот кој следи по вонредната состојба.

    Претходно, од Општината, од комунална такса беа ослободени и оние стопански субјекти кои обавуваат дејност на јавна површина, а исто така беше намалена и фирмарината.

    (Ф.Марковска)