Угостителски објект на „11 Ноември“ работел по 18 часот, сопственикот ќе заработи кривична пријава
14.01.2021 10:33
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 19.05 часот, извршиле контрола во угостителски објект на улица „11-ти Ноември“ во Куманово, при што констатирале дека објектот работи по дозволеното работно време и се уште има гости.

Во објектот биле затекнати девет лица – гости и сопственикот Ф.Р.(30) од Куманово.
Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил затворен.
По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.