Мени

УХМР со предупредување за поројни дождови

03.10.2019 09:52 | KumanovoNews

Во текот на попладневните часови и во текот на ноќта се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштуваат од Управата за хидрометереолошки работи.

УХМР со предупредување за поројни дождови

Максималната температура денес ќе биде 26 степени.

Во петок се очекува намалување на температурите и умерено облачно време, проследено со дожд во текот на целиот ден. Днвената температура ќе падне на 17 степени, а во текот на ноќта и до 10 степени.

Во сабота не се очекуваат врнежи, односно времето ќе биде умерено облачно со дневна температура до 19 степени.

Во недела времето ќе биде умерено облачно во текот на утрото, но во текот на попладневните часови се очекува сончево време со температура од 20 степени.