×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • УЈП апелира да се издаваат фискални сметки

    22.06.2017 13:50 | KumanovoNews

    Субјектите кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, задолжително да издаваат фискални сметки на потрошувачите, на начин пропишан со Законот за регистрирање на готовинскиот промет, апелираат од Управата за Јавни приходи.

    УЈП апелира да се издаваат фискални сметки

    „Според првичните анализи на податоците од он-лајн системот за следење на готовинскиот промет, констатирано е дека голем број на фирми, особено во угостителството, не го регистрираат прометот во целост, а на адреса на УЈП постојано пристигнуваат и пријави за издавање на сметки кои не се фискални. Укажуваме дека употребата на опрема од неовластени производители кои ги немаат функционалностите и карактеристиките на фискален систем на опрема (фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување – ГПРС), е спротивно и казниво со Закон, стои во соопштението на УЈП.

    УЈП најавува засилен мониторинг на готовинскиот промет и присуство на терен во делот на фискализацијата, поради што апелираме даночните обврзници да ги исполнуваат законските обврски, со цел избегнување на казни.