УЈП до 26 април го продолжи рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите
23.04.2024 13:30
| KumanovoNews
Управата за јавни приходи соопшти дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“ кој истекува на 25 април 2024 година, се продолжува за еден ден, односно, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ – 04, ќе се смета 26 април 2024 година.

Како што појаснуваат од УЈП, рокот се продолжува согласно одлуката на Владата, со која 24 април 2024 година (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.