УЈП: Граѓаните да внесат точна трансакциска сметка ќе почне повратот на ДДВ
22.11.2019 07:33
| KumanovoNews
Управата за јавни приходи ги повика граѓаните кои ја користат апликацијата „МојДДВ" да извршат проверка на податоците од трансакциската сметка заради враќање на дел од данокот на додадена вредност.

Корисниците на апликацијата треба да внесат лична трансакциска сметка, бидејќи во спротивно не ќе може да им се изврши враќање на данокот.
Од декември, Управата за јавни приходи ќе почне да враќа дел од данокот на додадена вредност на граѓаните кои ја користеле апликацијата МојДДВ.