УЈП објави нова листа на должници, „Чистота“ и Бајруш на врвот на листата во Куманово
Управата за јавни приходи (УЈП) објави нова листа на должници на која најголем должник од Куманово од правните субјекти е ЈП „Чистота и зеленило“ со 103 милиони денари, а од физичките лица Бајруш Сејдиу со долг од над 112 милиони денари.

На листата на должници се наоѓаат и фирмите „Хуљуси комерц“ со 32 милиони денари, Жито фарм 17 милиони, Искара-Кен- 14 милиони, Алми петрол 12 милиони, Нама-кафе и земјоделска задруга Никуштак со по 1 милион денари и други.
УЈП ја објави листа на должници бр.7/2017 за долгови доспеани до 30 март и неплатени до 30 јуни по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На листата се наоѓаат 4.454 фирма и физички лица од целата држава, кои имаат долгови чии вкупен износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.