Украдени пари од угостителски објект во Куманово
31.01.2023 20:42
| Сузана Николиќ
Сопственик на угостителски објект пријавил дека непознат сторител во текот на ноќта влегол во неговиот објект и извршил кражба.

„Вчера во 08.30 часот Т.Д.(52) од Куманово пријавил дека во неговиот угостителски објект на улица „Драган Стопаревиќ“ во Куманово било влезено со употреба на сила и подесен предмет и биле одземени пари. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот“, соопштуват од Кумановската полиција.