Украл автомобил и удрил во споменик на градските гробишта
22.02.2023 18:06
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип, затоа што на сила влегол во продажен објект на улица „Иво Лола Рибар“ и одзел пари и клучеви од патничко возило „пежо“.

Потоа со возилото заминал на градските гробишта во Куманово и удрил во надгробна плоча.
С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.