Украл сообраќаен знак, фрлал со предмети кон возила и се заканувал на полициски службеници
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.С.(31) од Крива Паланка, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста и сообраќајот“.

„Пријавениот во мај годинава кај место викано „Осички Мост“ на ул. „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, од улица отстранил сообраќаен знак со што ја загрозил безбедноста на сообраќајот, а потоа, употребувајќи го сообраќајниот знак, на раскрсница на магистрален пат од Крива Паланка кон Деве Баир, на место викано „Осички Мост“, запирал возила и фрлал со тврди предмети кон нив. Воедно, пријавениот со агресивно однесување и закани попречувал службени лица при вршење на службени дејства“, соопшти МВР.