Улиците се асфалтираат со скромни количества асфалт со сомнителен квалитет, обвинува ВМРО-ДПМНЕ
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт дека неквалитетно и нестручно ги изведува градежните работи на улицата „Руѓер Бошковиќ“ во населбата „Перо Чичо“.

„После 27 години оваа улица почна да се асфалтира од страна на локалната власт, но тоа што го гледаме, тука се сложни и граѓаните и градежниците, е само обично замачкување и отворање на други проблеми. Нестручна работа, со соомнителен квалитет и доста скромни количества на асфалт. Проблем се јавува и со нивото на шахтите и улицата кое не е усогласено, а и самиот асфалт се става на камена подлога која е неповолна и лесно може на следниот прв дожд да се случи подигнување на асфалтот предизвикано од поголеми количества на вода,- изјави Срѓан Ивановски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
Според Ивановски граѓаните најмногу реагираат на нивото на улицата, поради што се плашат од поплави на дворовите и подрумските простории, поради немање на атмосферска канализација.
Тој го праша градоначалникот кој ќе одговара за нестручноста и непрофионализмот во изведувањето на работите.