Уметникот Арсовски освои прво место на конкурсот „Перото – инспирација за уметничката четка“
17.11.2021 06:07
| Сузана Николиќ
Академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата, магистер по сликарство, добитник е на златна плакета за освоено прво место на конкурсот „Перото – инспирација за уметничката четка“, кој го распиша Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Конкурсот е поддржан од Министерство за култура како проект од национален интерес за 2021 година.
Арсовски е еден од современите визуелни уметници кој инспирацијата ја црпе од секојдневниот живот, широкиот дијапазон и контакт со луѓето, и случувањата поврзани со природата и вселената ги преточува во уметнички дела.