Уред за дезинфекција со УВ зраци доби Инфективното одделение
Инфективното одделение во Општа болница Куманово, доби донација - уред за дезинфекција на простории со ултравиолетови зраци од Меѓународниот Славјански универзитет од Свети Николе.

Во име на здравствените работните се заблагодари директорката Снежана Захарива, која истакна дека досега од донаторите добивале главно заштитна опрема, а ова е прв уред за дезинфекција, којшто многу ќе им користи.
„Се работи за уред за дезинфекција на простории, предноста е таа што може да се внесува од една во друга просторија, мобилен е, подвижен, може да се дезинфециира за многу кратко време и безбеден за ракување, ова нема штетни дејства по здравјето и на пациентите и на персоналот. Ние вообичаено вршиме дезинфекција со УВ лампи од друг тип, кои ги нема во сите соби, па носиме подвижна лампа. Ова е многу поефективно и многу побрзо“, изјави Захариева, директор на ЈЗУ Општа болница Куманово.
Ленче Петреска ректор на Меѓународниот Славјански универзитет во Свети Николе, кажа дека се одлучиле да донираат во Кумановската болница, затоа што имаа најмногу студенти токму од овој град, но и затоа што Куманово е град со најмногу заболеми од кронавирус по глава на жител во државата.
„ Сакам да се заблагодарам на студентите што во ова тешко време своето време дома го искористија за истражувачка работа. Ние како Универзитет, инсистираме на вакви хуманости, сме општествено одговорна компанија и во изминатиот период и сега. Оваа криза сите не научи дека треба да се инвестира во здравјето“, проф.д-р Петревска.
Донаторите велат дека основна цел за донацијата е да се заштит здравствените работници и да се зајакне оваа здравствена установа во борбата против КОВИД-19.
„Уредот е мобилен, лесно подвижен низ простории, има сопствено напојување, може да се користи и во простории каде што нема електрична инсталација, има силни УВ лампи кои зрачат 360 степени во сите правци и во период од 15 минути може да дезинфицира просторија од 50 метри квадратни, а за сите останати микроорганизми за 30 минути, се контролира од далечина надвор од просторијата“,- изјави Ивица Поцков, од фирмата изработувач.
Никола Глигоров вели дека продолжат со изработка на уреди со цел да обезбедат што е можно повеќе здравствени установи во Македонија за борба против актуелната пандемија. Вредноста на уредот е околу 1000 евра.
Вакви уреди се донирани на Инфективната клиника во Скопје и во болницата „8 Септември“.