Успешна крводарителска акција во СДСМ
Над 90 единици крв беа собрани на денешната крводарителска акција што ја организираше општинската организација на СДСМ.

На традиционалната акција која се организира по повод Илинден се одзваа главно членови и симпатизери на СДСМ, но и голем број граѓани.
-Акцијата се совпаѓа со повикот на Институтот за трансфузиона медицина, поради недостаток на одредени крвни единици. Уште еднаш ја покажавме нашата хуманост и верувам дека до крајот на акцијата ќе се соберат близу 100 единици крв, што е некој просек од предходните години, - изјави Томица Илиќ, секретар на општинската организацијана СДСМ.
Бобан Ангеловски е редовен крводарител и досега има дарувано 27 пати крв. Ги потикнува сите здрави луѓе да се вклучат во крводарувањето, бидејќи незаменливо е чувството да се спаси човечки живот, а истовремено и благодет за здравјето за секој човек.
СДСМ двапати годишно организира крводарителски акции: во март за Денот на крводарителите и за 2 август.