×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уште двајца новозаболени и 14 оздравени од коронавирус во Куманово

    17.05.2020 17:24 | KumanovoNews

     Двајца новозаболени и 14 оздравени од коронавирус се регистрирани во последното деноноќие во Куманово.

    Уште двајца новозаболени и 14 оздравени од коронавирус во Куманово

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти.

    - Скопје 1

    - Куманово 14

    - Прилеп 4

    - Тетово 3

    - Велес 4

    Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-5, Битола-1, Охрид-1. Досега во земјата се направени вкупно 21436 тестирања на ковид-19.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти, пациент од Велес (58г) примен на 12 мај, пациент од Тетово (57) лекуван на клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово (78) хоспитализиран на 11 мај.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1792, бројката на оздравени пациенти е 1293, на починати е 101, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398.