Уште еден измама со огревно дрво
07.10.2022 12:07
| Жаклина Цветковска
Триесет и осум годишен маж од кумановско село бил жртва на измама за набавка на огревно дрво. Парите ги дал, но дрвата не стигнале во неговиот дом.

Оштетениот пријавил во СВР Куманово дека дал сума од 10.000 денари на едно лице, кое му понудило да му донесе огревно дрво. Но, откако лицето ги земало парите, заминало за наводно да ги донесе дрвата и не се вратило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ова е само уште еден случај во низата измами на граѓани во екот на зголемена побарвачка за набавка на огрев за претстојната зима.