Мени

Уште еден обид за измама на старо лице во Старо Нагоричане

10.10.2025 15:52 | KumanovoNews

57- годишен маж пријавил дека едно лице се обидело да ја измами неговата мајка од општина Старо Нагоричане. 

Уште еден обид за измама на старо лице во Старо Нагоричане

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека наводно член од нејзиното семејство предизвикал сообраќајна незгода во Прешево и ќе биде потребна одредена сума на пари за да плати адвокат, по што таа се посомневала дека станува збор за измама и прекинала.

Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, особено повозрасните лица кога им се јавуваат непознати лица и да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги.