Уште еден повозрасен кумановец жртва на измама со огревно дрво
Не престануваат измамите со огревно дрво во Куманово. Последната жртва е повозрасен кумановец, која платил 6000 денари, а останал и без пари и без дрва. Случајот во полиција го пријавиле од неговото семејство.

„Во СВР Куманово, 39-годишна жена пријавила дека нејзиниот свекор бил измамен од едно лице за сума од 6.000 денари. Според пријавеното, откако лицето му понудило огревно дрво и тој му ги дал парите, тоа заминало за наводно да ги донесе дрвата, но не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Во последниот период зачестија измамите со продавање на огревно дрво, а мета на измамниците се повозрасни кумановци.