Уште еден продолжен викенд: Петок неработен ден за православните верници
11.06.2021 10:38
| KumanovoNews
Наредниот петок 18 јуни, ден пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07).
Министерството на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.