Уште една измама со огревно дрво, пензионери останале без 10.000 денари
25.07.2023 14:16
| Оливера Пешевска
Шеесет и петгодишна жена од Куманово пријавила дека со сопругот биле измамени од лажен трговец на огревно дрво за сума од 10.000 денари.

Според пријавеното, лицето ѝ понудило огревни дрва и откако се договориле, нејзиниот сопруг заминал на местото каде наводно биле складирани.
„Откако пристигнале лицето му кажало дека ќе оди да донесе пила за сечење на дрва, но дошло кај неа и ѝ кажало дека нејзниот сопруг рекол да му ги даде парите. Подоцна нејзиниот сопруг се вратил без дрва,
по што сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.