Уште една измама со огревно дрво во Куманово
25.02.2022 13:47
| Сузана Николиќ
Во СВР Куманово вчера 62-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5000 денари.

Според пријавеното, лицето и понудило огревни дрва и откако се договориле, заедно се упатиле на место каде наводно биле тие складирани.
Откако пристигнале, лицето и кажало дека ќе оди да донесе мотор за сечење на дрва, но отишло во нејзината куќа и од нејзината снаа ги побарало парите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.