Уште една измама со огревно дрво во кумановско

24.08.2021 12:58 | Сузана Николиќ

34-годишен маж од кумановско село вчера попладне пријавил во полицијата дека бил измамен од едно лице, при купување на огревно дрво. 

Уште една измама со огревно дрво во кумановско

Според пријавата, измамникот му понудил огревни дрва и откако се договориле му платил, по што го упатил на местото каде наводно биле складирани дрвата.

Образложението било дека тој ќе оди во канцеларија да ја спреми испратницата, но потоа не се појавил.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk