×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уште една измама за огревно дрво - жртва 69-годишна жена од кумановско село

    02.09.2021 08:42 | Сузана Николиќ

    Шеесет и деветгодишна жена од кумановско село пријавила дека била измамена од едно лице при купување на огревно дрво.

    Уште една измама за огревно дрво - жртва 69-годишна жена од кумановско село

    Според пријавеното, во понеделникот околу 19 часот, измамникот дошол пред нејзината куќа и понудил да и продаде  огревно дрво. Откако се договориле за цената жената му платила, по што наводниот продавач и кажал да го причека додека да отиде по камионот и да ги донесе дрвата.

    Откако не се појавил подолго време жената сфатила дека е измамена и случајот го пријавила во полиција.

    Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    Во текот на изминатите неколку месеци, повеќе лица пријавиле измама за огревно дрво. Измамниците најчесто се обраќаат кај повозрасните лица и пензионерите, како и жителите во селата, нудејќи им квалитетни дрва по пониска цена. Тие ги убедуваат дека цената ќе биде околу 2500 денари.

    Од полицијата апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами и да не даваат пари додека продавачите не им покажат документ за потеклото на дрвата и не им ги донесат пред куќа.