×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уште неколку дена ослободeте се од електронскиот отпад и добијте награда

    24.06.2017 11:09 | KumanovoNews

      Граѓаните на Куманово до среда ќе можат да се ослободат од старите електрични и електронски апарати на 4 локации во градот и да добијат награда.

    Уште неколку дена ослободeте се од електронскиот отпад и добијте награда

    Собирни пунктови се поставени во основните училишта „Христијан Карпош“, „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“ и „Јеродим Дерада“ во Черкеско село.

    Акцијата и наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме", започна на 2. мај а ќе трае до 28 јуни. Овозможува домаќинствата да се ослободат од непотребните електрични и електронски апарати како: фрижидери, компјутери, монитори, процесори, електрични шпорети, печки, пегли, миксери, соковници и со тоа да станат потенцијални добитници на награди што ги обезбедува компанијата Елколект и општината.

    Извлекувањето на наградите ќе се одржи во среда на (28.06.2017) во 14 часот во салата на Совет на Општина Куманово (поранешен Комитет, Илинденска бб).

    За наградната игра обезбедени се 20 вредни награди од кои: четири ЛЕД ТВ, четири фотоапарати Sony DSC W800B,  четири Gigabyte смарт телефони, четири Пионир ДВД и четири тостери Хјундаи.