Уште седум лица позитивни на коронавирус, вкупно 42
19.03.2020 08:55
| KumanovoNews
Во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, вчера попладне се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнале преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Од вкупно 38 тестирани пациенти, позитивни се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, изнесува 42, - соопштуваат од Министерството за здравство.
Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија.
Во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот.