Утре без струја дел од „Октомвриска“ и Доброшане
10.09.2020 08:07
| KumanovoNews
Потрошувачите на две локации во градот утре во одреден период ќе останат без електрична енергија.

Како што соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), на 11.09.2020 година, во периодот од 8 до 11 часот без електрична енергија ќе се дел од ул. Октомвриска револуција - зградите около Мај маркет. Истиот ден од 11 до 14:30 часот прекин во напојувањето со електрична енергија ќе биде дел од населбата Доброшане, поточно Индустриска зона и околни објекти.