×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утре е последен ден за издавање на платежните картички

    17.07.2020 11:23 | KumanovoNews

    До утре, односно 18 јули, банките треба да се издадат сите платежни картички на граѓаните.

    Утре е последен ден за издавање на платежните картички

    Парите од картичките треба да се искориста до 15 август, како помош за надминување на последиците од коронакризата во државата.

    Министерството за финансии подели 324.479 пллатежни картички на граѓаните во вредност од 28 милиони евра.

    Платежна картичка од 9,000 денари добија граѓаните со низок доход, приматели на социјална помош и невработени, кои се активни баратели на работа регистрирани во Агенцијата за вработување до 22-ти мај, но, минатата година не оствариле доход поголем од 180.000 денари.

    Втората група ја сочинуваат вработени со ниски плати, кои добија 3,000 денари еднократна помош и ваучер за туризам од 6,000 денари.

    Третата група е за младите од 16 до 29 години, активни ученици или студенти на државните универзитети. Оваа група ќе добие платежна картичка со 3,000 денари.

     Во последната, четврта група, спаѓаат околу 5,000 здравствени работници, кои за својот придонес со справување со коронавирус ќе добијат дополнителни 40% од својата плата.

    Од Министерството за финансии посочија дека се прифатени повеќе од 7.000 приговори за домашната платежна картичка. Тоа највеќе биле од средношколци и студенти, односно младите до 29 години.

    Поделбата на картичките предизвика долги редици и хаос пред дел од банките, поради што граѓаните реагираа за нивна неорганизираност.

    (Д.Д.)