Утре протест за минимална плата од 600 евра
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за утре (среда) најави протест во Скопје за зголемување на минималната плата.
Синдикатот бара минималната плата од сегашните 397 евра да се зголеми на 600 евра, а сите останати плати да се зголемат за 100 евра.
Протестот ќе започне пред Работничкиот дом, а потоа ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата.
„Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први, а кој да протестира за твојата плата ако не прво ти, па сите ние заедно со тебе. Овој протест е затоа што одбиваат да ја зголемат минималната плата и со тоа ве принудуваат да живеете во сиромаштија, бидејќи повеќе од 200.000 работници имаат плата под 31.200 денари, односно под прагот на сиромаштија во Македонија. Овој протест е против неправдата, тие да имаат, а вие да немате, значи 250 евра зголемени плати за нив и 78 % зголемени плати на нив“, стои во повикот на ССМ.
Протестот ќе се одржи по завршувањето на работните обврски на најголем дел од работниците, со цел да се приклучи што поголем број учесници.