Утре се одработува за Денот на дрвото
12.12.2014 14:05
| KumanovoNews
Вработените во државните институциите и јавни установи, утре ќе одработуваат за среда, кога се спроведе акцијата Денот на дрвото.

Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека 13-ти декември, сабота, ќе биде работен ден и ќе се одработува 3-ти декември, денот кога се одржа акцијата „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“.