27. 01. 2010 10:43

Утре седница на Совет

Утре седница на Совет

Советот на Општината Куманово, утре ќе ја одржи деветнаесеттата, редовна седница. На дневен ред ќе се најдат 15 точки, а меѓу другото советниците ќе го разгледаат кварталниот извештај на Буџетот, финансиското работење на „Куманово-гас„, измени за такси превозот , одредување на цената за паркирањето во градот, а предложени се и повеќе измени на Деталниот урбанистички план.   

 1.Предлог - Одлука за исплата на парични средства од Буџетот на Општина Куманово за 2010 година;

  2.Квартален Извештај за извршување на  Буџетот на Општина Кумановоза 2009 година, за IV квартал;

3.Тримесечен Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово - гас" - Куманово за период од 01.07.2009 до 30.09.2009 година;

4.Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициската станица од ОН Куманово во текот на месец Ноември 2009 година;

5.Предлог - Одлука за вршење на работите управување со гробишта во Општина Куманово;

6.Предлог - Одлука за изменување на Одлуката за измена и дополнување на Одлуките за изменување и дополнување на Одлуката за авто- такси превоз на патници во Општина Куманово;

7.Предлог - Решение за давање согласност на Одлуката за усогласување дејности на работење со национална класификација на дејности - НКД РЕВ 2 и измена и дополнување на Статутот на ЈП „Чистота и зеленило" - Куманово;

8.Предлог - Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на висина на надоместок за одстранување на неправилно и непрописно запрени или паркирани возила во град Куманово;

9.Предлог - Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општината Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општина Куманово;

10.Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Х.Т.Карпош", УБ 64 - ж, плански опфат меѓу улиците "Пролетерски Бригади", "Киро Фетак" и "Х.Т.Карпош" - Општина Куманово;

11.Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Гоце Делчев" дел од У.Б. 30, плански опфат на делот меѓу ул. "Васко Карангелевски" и ул. "АВНОЈ" - Општина Куманово;

12.Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Перо Чичо", дел од УБ 15, плански опфат меѓу ул.: "Трајко Прокопиев", "Ѓорче Петров", "101" и "102" - Општина Куманово;

13.Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Долно Којнаре", дел од Урбан блок 5, плански опфат меѓу магистрален пат М-2, граница на плански опфат на Куманово, ул. "100", ул. "Доне Божинов" и регулација на Којнарска река – Општина Куманово;

14.Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Тоде Мендол", Урбан блок 62, Плански опфат меѓу ул. "Благе Илиев Гуне", ул. "Тоде Мендол", ул. "Абдула Прешева", ул. "Ѓуро Салај" и ул. "Страшко Симонов" – Општина Куманово;

15.Предлог - Одлука за именување на членови во Локален економско - социјален совет - претставници на локалната самоуправа - Општина Куманово.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk