Утре седница на Совет, осум точки на дневен ред
Советот на Општина Куманово утре ќе се одржи редовна седница. На дневен ред се 8 точки, главно извештаи заработа на јавни претпријатија и установи.

Дневен ред:
1. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово - план“ - Куманово за период од 01.04.2025 – 30.06.2025 година;
2. Годишен извештај за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2024/2025 година;
3. Годишна програма за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;
4. План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за општина Куманово за период 2022 – 2026 (ревидиран);
5. Предлог - Одлука за давање на согласност за формирање на паралелки во прва година со под 25 ученици во општинските средни училишта во Општина Куманово во учебната 2025/2026 година;
6. Предлог - Одлука за утврдување на максималната висина на износот на бесплатниот превоз на ученици на релација с. Вак`в – с. Пчиња и обратно за која нема обезбедено општински линиски превоз;
7. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари на Јавно претпријатие „Водовод“ – Куманово;
8. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари.