Мени

Утре ќе се изврши второ авионско прскање против комарци во Куманово

04.08.2026 11:36 | KumanovoNews

Во Куманово утре ќе се спроведе второто авионско прскање против возрасна форма на комарци.

Утре ќе се изврши второ авионско прскање против комарци во Куманово

Прскањето ќе започне во 5 часот, а  ќе се користи препаратот Aqua Perm-X 30-30.

Ќе бидат опфатени 1.270 хектари долж течението на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, како и месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, централното градско подрачје и пречистителната станица на ЈП „Водовод“ во село Доброшане.

Од Општина Куманово апелираат до пчеларите навреме да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства за време на прскањето.