Вакцинацијата за сезонски грип ќе почне на почетокот на ноември
30.10.2020 11:34
| KumanovoNews
Вакцината за сезонски грип се очекува да стигне во Центарот за јавно здравје во Куманово на почетокот на наредниот месец, по што ќе започне вакцинацијата на граѓаните.
- Министерсвото за здравство ни одобри 3000 бесплатни вакцини, кои се наменети за стари лица над 65 години, лица со хронични болести, бремени жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години. Вакцинацијата ќе се закажува преку Мој термин и матичните лекари и граѓаните навремено ќе бидат информирани кога ќе започне, - изјави епидемиолог Јадранка Стаменковска.
Дополнително ќе бидат обезбедени и вакцини за комерцијална продажба, и ќе можат да се вакцинираат сите граѓани. Цената на вакцината ќе биде 800 денари, поскапа за 150 денари од лани.

