Велики петок неработен за православните верници
19.04.2022 16:21
| Сузана Николиќ
Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на Македонија.
Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита празникот.