×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Весна Петрушевска лауреат на „Денови на комедија“ за 2025 година

    21.05.2025 15:33 | KumanovoNews

    Актерката Весна Петрушевска е лауреат на „Денови на комедија“ за 2025 година, одлучи жирито на фестивалот.

    Весна Петрушевска лауреат на „Денови на комедија“ за 2025 година

    „Пресреќна сум за наградата, ова е огромно признание, а посебна важност има затоа што, верувале или не ова е моја прва театарска награда во Македонија. Во животот најмногу улоги остварив во комедијата, ја сметам за најсложена и најтешка форма, но истовремено и најблагодарна. Публиката веднаш препознава вистинска намера во актерската игра, и оддава признание“, истакна добитничката Весна Петрушевска.

    Додава дека таа по потекло е половина кумановка, на фестивалот учествувала неколку пати, па особено е почестена од признанието кое и е доделено.

    Советот на „Денови на комедија“ размислувал за неколку предлози, но одлуката ја донел експресно брзо и лесно.

    „Одлуката беше едногласна од сите членови на жирито. Мислам дека го направивме вистинскиот избор, а посебно ме радува реакцијата на Весна Петрушевска кога и јавивме дека е лауреат“, објасни директорот Сашо Тодоровски.

    Тодоровски е и претседател на советот на фестивалот, а во него членуваат и Сања Русеска, Владанка Крстевски, Сефедин Шабани, Крсто Богојевски и Александар Крстевски. Во образложението стои дека наградата се доделува за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедијата.

    Наградата ќе биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот Денови на комедија 2025 на 24 септември во голема сала на Центар за култура Куманово.

    Наградата „Васил Иљовски“ на „Денови на комедијата“ се воведе од 2017 година и досега признанија добиле: Љубица Гојковиќ, Ѓорѓи Андов, Илија Струмениковски, Шенка Колозова, Стојна Костовска, Благоја Чоревски, Коле Ангеловски и Сашко Коцев.