×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вицепремиерот Фетаи во посета на затворот Кшање, вети решавање на проблемот со водата

    25.07.2025 13:22 | KumanovoNews

    Заменик претседателот на Владата задолжен за политики добро владеење,  Арбен Фетаи, денес го посети затворот во Куманово,   при што најави решевање на проблемот со недостаток на вода за пиење.

    Вицепремиерот Фетаи во посета на затворот Кшање, вети решавање на проблемот со водата

    „Вицепремиерот ги сослуша предизвиците со кои се соочува оваа институција, која подолг период се справува со недостаток на вода за пиење – проблем за кој тој ќе се обиде да најде решение што е можно побрзо. Се разговараше и за можноста за зајакнување на здравствената поддршка за осудените лица, особено во делот на менталното здравје, во соработка со Министерството за здравство. Пенитенцијарниот систем е една од клучните столбови на правната држава и ние сме посветени на негово подобрување и развој согласно европските стандарди“, соопшти кабинетот на министерот .

    Тој  новото раководство го посочи како пример за добро менаџирање.

    Фетаи беше пречекан од директорот на Управата за извршување на санкции,  Александар Пандов, како и директорот на затворот во Куманово Оливер Цветковски и заменик-директорот  Илбер Лимани.