×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Викенд без ДДВ за сите граѓани, ќе се купува поевтина облека, бела техника, мебел

    17.05.2020 19:36 | KumanovoNews

     Владата во третиот столб мерки за помош во коронакризата, кои се однесуваат на директна финанскиска помош на граѓаните, воведува викенд без данок на додадена вредност (ДДВ) што ќе се однесува за сите граѓани.

    Викенд без ДДВ за сите граѓани, ќе се купува поевтина облека, бела техника, мебел

    „Преку пониски цени поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Очекуваме дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе се слеат во македонското стопанство“, рече премиерот Оливер Спасовски.

     Како директна финансиска поддршка за граѓаните со цел да се стимулира потрошувачката на домашните производи и услуги и погодените сектори, се воведува платежни картички за граѓаните - за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности.

     - Околу 100 илјади граѓани на нашата земја ќе добијат платежна картичка вредна 9.000 денари за македонски производи и услуги. Оваа мерка е достапна за сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 месечни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош.

     - Околу 100 илјади граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам од 6,000 ден и домашна платежна картичка од 3,000 денари.

    - Парична поддршка за млади дo 6,000 денари,  платежна домашна картичка од 3,000 денари и ваучери за кофинансирање за обуки за ИТ и дигитални вештини. Мерката опфаќа ваучери од најмногу 6,000 денари за покривање на партиципација во Универзитет или за сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци кои доаѓаат од семејства со ниски приходи. Мерката вклучува и платежна картичка за млади, во вредност од 3,000 денари за домашни производи и услуги. Воведуваме и ваучери до 30,000 денари за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини за млади.

    Паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април 2020 година. Со оваа мерка им даваме можност за паричен надоместок на сите лица кои ја изгубиле својата работа, вклучувајќи ги и оние кои го прекинале својот работен однос преку писмена изјава, спогодбено, или добиле отказ од работодавачот.

    Натаму, Владата ќе дава бескаматни кредити во вредност од 31 милион евра за фирми формирани од жени или од млади лица, преку развојната банка на Република Северна Македонија, за воведување дигитализација и иновативност во нивната работа, со цел да се задржат постојните работни места и да се отворат нови. Оваа мерка е за сите микро и мали приватни компании. Фирмите што се формирани од жени или од млади лица, ќе добијат и неповратен грант.

    Дури 125 милиони евра ќе бидат ставени на располагање на извозно ориентираните компании за поддршка и за преземање на ризикот на дел од комерцијалниот кредит, гаранција за обезбедување на царинскиот долг, за поголем извоз и полесен пристап до суровините за домашните компании.

    Милион евра за текстилците, помош од 50 отсто за цената на зелената нафта за земјоделците, за што ќе добијат платежна картичка, а 50 илјади земјоделци ќе добијат помош за планско производство. Ќе се стимулираат преработувачите на земјоденски производи, вкупната помош е 76 милиони евра.